• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Димитриевски: Референдумот, историска одлука за идните генерации

Димитриевски: Референдумот, историска одлука за идните генерации

Куманово, 5 септември 2018 (МИА) - Куманово посакува да биде составен дел на Европа, кумановци сакаат да живеат подобар живот и сакаат обезбедена егзистенција, просперитет, стабилност. Референдумот на 30 септември е клучното прашање на кое граѓаните ќе одлучат за просперитет и подобра иднина, поголеми инвестици во градот, соодветен развој на општината, регионите, државата, рече градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес конференција на градскиот плоштад.

Тој истакна дека Македонија низ историјата поминала низ различни крстопати и секогаш македонските граѓани знаеле да донесат вистинското решение. 

- Ја користам оваа пригода да дадам целосна поддршка на референдумското прашање на 30-ти овој месец, бидејќи носиме одлука за нас и нашите деца и историска одлука за идните генерации. Влезот во НАТО значи загарантирани граници и економски развој, рече Димитриевски.

Додаде дека повторно сме исправени пред историски предизвик да се биде член на НАТО, да се биде член на ЕУ. ам/рп/14:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ