• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Жител на Пирок пријавил напaд од четворица полицајци врз него

Жител на Пирок пријавил напaд од четворица полицајци врз него

Тетово, 5 септември 2018 (МИА) - Д.К.(42) од Пирок пријавил дека бил нападнат од четворица полицајци поради што бил задржан за лекување во тетовската клиничка болница информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според пријавата на Д.К. во понеделникот околу 21.40 часот враќајќи се со возило од Скопје кон Тетово во месноста „Глумово“ бил запрен од четворица полициски службеници.

- Тие, според пријавеното, најпрво го легитимирале него, неговата сопруга и неговата баба а потоа побарале да го отвори багажникот по што физички го нападнале. После тоа Д.К. бил приведен и еден час бил задржан во Полициско одделение Сарај. Откако бил пуштен тој побарал лекарска помош во тетовската клиничка болница каде бил задржан за натамошно лекување. За настанот веднаш бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат интензивни мерки за целосно документирање и расчистување на случајот рече Јосифовски. ас/нд/15:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...