Општина Василево потпиша договор за асфалтирање на уште три улици

Општина Василево потпиша договор за асфалтирање на уште три улици

Струмица, 5 септември 2018 (МИА) - Општина Василево потпиша договор за асфалтирање на три улици во селата Нова Маала, Седларци и Василево.

Градежните активности ќе започнат во средината на наредниот месец.

- Улицата во Василево е во должина од околу 100 метри, во Седларци седумдесетина метри и истата води кон селската црква, а во населеното место Нова Маала, должината на улицата е околу 300 метри и води кон селската продавница во така наречената „Горна Маала“. Ширината на сите улици е по околу 4 метри, а заедничко е тоа што ќе бидат изградени со асфалт, информираше градоначалникот на Василево, Марјан Јанев.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 1,1 милион денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево. рт/сст/15:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...