Реконструкција на улиците во три кумановски села

Реконструкција на улиците во три кумановски села

Куманово, 5 септември 2018 (МИА) - Се извршува реконструкција на улиците во селата во Куманово, Романовце, Умин Дол и Агино село.
 
- Санацијата на улиците во овие населени места се реализира во рамки на програмата за реконструкција и адаптација на постојните сообраќајни површини, информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
 
Тој наведе дека во селото Романовце во тек е реконструкција, посочувајќи дека станува збор за тековна работа на општината. 
 
- Програмата ќе се реализира се додека дозволуваат временските услови, изјави Димитриевски.
улица село
 
Тој наведе дека во овој период,  важно е да се уредат селата кои, како што појасни, со години биле запоставени.
 
- На тој начин ќе се постигне и поголема чистота и за руралните средини, а со тоа и за градот, истакна кумановскиот градоначалник.
 
Во тек е реконструкција на улицата во село Романовце каде ќе бидат поставени 1.242 метри квадратни асфалт, во Агино село, поставени се 6.440, а во Умин Дол, 4.400 метри метри квадратни асфалт. ам/см/16:45

###


 
 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.