• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Општина Гостивар бара да се проверат новите вработувања во образованието

Општина Гостивар бара да се проверат новите вработувања во образованието

Гостивар, 5 септември 2018 (МИА) - Од општина Гостивар побараа од Јавното обвинителство, трудовата и просветната инспекција да ги проверат новите вработувања во секторот образование, кои како што беше соопштено на прес-конфренција биле незаконски и селективни. Гостиварските локални власти се жалат на опструкции кои доаѓаат од Министерството за образование.

- Ние поднесовме барање за повеќе од 40 вработувања и не добивме повратен одоговр. Чувањето во фиока на документацијата со барањето ја одразува целта на Министерството. Го повикуваме јавниот обвинител и просветните инспектори да спроведат соодветна истрага  во врска со прикривањето на одговорот за вработување на наставен кадар во Гостивар. Според информациите со кои располагаме, одговори од оваа природа се добивале во рок од три недели. Во овој период, Комисијата за трансформација на рабоните места три пати поднела барање и сé уште не сме добиле никаков одговор, рече Аслијан Снопче раководителка на секторот за образование на општина Гостивар.

Таа на конференцијата за новинарите посочи дека вработувањата кои актуелната локална власт ги направила биле со редовни конкурс. Од 150 работни места со договор на дело било интервенирано во трисетина случаи кои во најголем дел се однесувале на несоодветен кадар

Снопче ги обвини ДУИ дека од директорите на образовните установи барале да им достават списоци со лица кои се времено вработени или пред пензија, што, како што рече, е дел од план креиран од страна на Министерството за образование со кој се уништува образованието во Гостивар.

Таа најави дека наскоро ќе излезе со конкретни бројки за “чистката“ која ја спровеле директорите на ДУИ со директна согласност на министерот за образование.згм/скс/15:37

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...