• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Со експертска поддршка ќе се преиспитуваат блок дотациите за финансирање на општините

Со експертска поддршка ќе се преиспитуваат блок дотациите за финансирање на општините

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со тимот од домашни и странски експерти денеска во општина Битола остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.

На средбата, како што информира Министерството за локална самоуправа, се разговараше за потребата од ревидирање на методологијата за пресметување на блок дотациите со кои се финансираат училиштата, градинките, установите од областа на културата и противпожарната заштита во општините.

За експертите, како што се наведува во соопштението, беше особено важно да се чуе искуството на градоначалниците и на општинската администрација во управувањето со јавните финансии во смисла кои елементи од системот на локално финансирање се најмалку стабилни и предвидливи и дали сегашниот систем на блок дотации и начинот на нивно пресметување ги задоволува потребите или пак пројавува недоволност.

Заменик-министерот Павлески и експертскиот тим одржале работен состанок и со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче, а претпладнето реализирале работен состанок и во општина Гостивар. Вакви состаноци ќе бидат организирани и во општините Чаир, Илинден, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Арачиново, Куманово и во Град Скопје.

Министерството за локална самоуправа информира дека преку директна комуникација со локалните власти и локалната администрација, фокус групи и прашалници до релевантните целни групи ќе биде подготвена Анализа на функционалноста на постојната методологија за пресметување на блок дотациите.

- Од страна на експертскиот тим ќе биде подготвена и Компаративна анализа од Велика Британија, Данска, Словенија, Полска и Шведска со цел да се предложат три модели поради подобро финансирање и поголема функционалност на општините и подобри локални јавни услуги во областите кои преку блок дотации се финансираат со средства од централниот буџет, се вели во соопштението од Министерството за локална самоуправа. мд/ев/17:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...