• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Нови средства за доизградба на патниот правец Бигла-Виница

Нови средства за доизградба на патниот правец Бигла-Виница

Делчево, 5 септември 2018 (МИА) - Обезбедени се нови 10 милиони денари за доизградба на патниот правец Бигла - Виница. Со дополнителните средства од државниот буџет предвидено е асфалтирање и реконструкција на дополнителни 2 километри од овој патен правец со комплетна реконструкција на патот кој поминува низ село Трсино.

- Проектот за изградба на патниот правец село Бигла-Виница е во завршна фаза од реализацијата. Досега се асфалтирани околу 2,5 километри од делчевска страна на патот, а во тек се градежните работи за асфалтирање на делот кој припаѓа под општина Виница. Со тоа наместо првично предвидените 4,6 километри сега ќе се асфалтираат 6,5 километри. Реконструкцијата опфаќа и проширување на коловозот од три на пет метри, информираше градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

Градежните работи за овој патен правец се влезени во програмата на Јавното претпријатие за државни патишта и за него наместо првично предвидените 52 милиони денари, од државниот буџет се издвоени 62 милиони денари.

Изведувач на работите за доизградба на патниот правец е ЈП „Македонија пат“, а градежните работи треба да завршат до крајот на септември. вс/мд/17:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...