• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и општина Крива Паланка

Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и општина Крива Паланка

Крива Паланка, 5 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски денеска потпишаа Меморандум во насока на заедничка соработка за решавање клучни прашања од значење за бизнис-секторот на подрачјето на оваа општина и унапредување на деловниот амбиент. 

- Мојата цел и целта на комората е да се подигне нивото на економијата, БДП-то во државата, но и да се помогнат по малку заборавените и запоставени општини како Крива Паланка, во која 30 години нема изградено добар пат, а е влез и излез во Европа и треба да биде добро инфраструктурно поврзана со една европска прстолнина. Ваков меморандум првпат потпишуваме и сакаме да направиме нешто за оние за кои досега речиси ништо не е направено, рече Азески. Додаде дека Комората е корисник на 12 европски проекти и оти имаат одлична соработка со странските амбасади во државата.

Целта, како што рече, е стопанствениците да ги обучиме сами да подготвуваат успешно ЕУ-проекти и да ги развиваат своите бизниси.

Според Мицевски, со овој Меморандум ќе биде официјализирано она што е отпочнато во изминатиот период како соработка со Комората и со сите стопанственици од општината, да се формира мост кој ќе ги олесни сите потреби и барања на бизнис секторот од градот.

- Стопанската комора има капацитет со експерти и консултанти од разни области и ќе им помага на бизнисмениете во потполнување документи и апликации за користење на ЕУ-фондовите кои ќе се отворат со отпочнување на преговорите со ЕУ.  Без апликации кои мора да бидат по моделот на ЕУ не може да се користат и обезбедат фондовите. Крива Паланка со овој Меморандум ќе отвори и поодрачна канцеларија на Стопанската комора, во која ќе има координатор кој ќе биде врска меѓу Комората, бизнисментие и останатиет институции, за се што им е потребно, а ќе имаат информации за се, тековно, заштедувајќи време и енергија, рече Мицевски.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека ЕУ-перспективите ќе донесат нови можности и дополнителни средства за сите економски сегменти.

Имајќи ја предвид актуелноста на темата поврзана со потребата на бизнис секторот за стручно образована и квалитетна работна сила се одржа и регионална промоција на проектот „Образование за вработување во Македонија“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од страна на Хелветас Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија.

- Целта е да се поттикне вработувањето во земјата преку подобрување на стручните вештини кај младите. Особен акцент е ставен на образование на кадри и практичната настава која треба да се реализира во компаниите со цел задоволување на потребите на компаниите, како и подготовка на стручни кадри и нивен влез во процесот на стопанството и отворање нови можности за нивно вработување, како и вработување на лица со пречки во развој, што е опфатено со повеќе други проекти, истакна Куд Курти од проектот „Образование за вработување во Македонија“. ид/мд/20:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ