• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Нови смарт-табли и опрема во кабинетот по информатика во средното училиште во Крива Паланка

Нови смарт-табли и опрема во кабинетот по информатика во средното училиште во Крива Паланка

Крива Паланка, 6 септември 2018 (МИА) - Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка новата учебна година ја започна со повеќе новитети, набавена е нова опрема во кабинетот по информатика, нови „паметни“ табли и извршени се неколку промени во органивацискито сегмент на настава.

Со буџетски средства од блок-дотациите на гимназијата набавени се нови осум смарт табли и 24 персонални компјутери за кабинетот по информатика.

Новата опрема училиштето ја набави со сопствени финансиски средствазаштеда во буџетот. Новите табли ја надополнуваат постојната опрема со која располага школото за спроведување на квалитетен едукативно-образовен процес. И кабиентот по информатика ќе може со новите комјутери, следејќи ги најновите технолошки достигнувања, да понуди одлична настава за ученициет во овој домен, истака директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Габриела Стаменковска.

Во наставнито процес, организациски, вратен е системот на настава во сопствена училница по клас.

- Од кабинетска настава со која учениците постојано гравитираа од еден во друг кабинет, сега секој клас има свој стационар-училница, додека секако, за потребите на наставната програма, се користат сите кабинети со кои располага школото, од оние по биологија, географија, хемија и други, до кабинетите и работилниците за изведување и реализација на практична настава во стручниет паралелки, како авто-механичарксата, машинската и електоритехничка струка, како и угостителската паралелка, додаде Стаменковска. ид/цр/13:11

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ