Почна санацијата на улицата „Маршал Тито“ во Неготино

Почна санацијата на улицата „Маршал Тито“ во Неготино

Неготино, 6 септември 2018 (МИА) Во Неготино почнаа градежните активности за санација на главната улица „Маршал Тито“ . 

- Станува збор за санација на потегот од раскрсницата со улицата „Манчо Малиминов“ до раскрсницата со улицата “29 Ноември“. Санацијата на коловозот на предвидениот потег опфаќа замена на коловозната покривка по целата ширина на коловозот од седум метри, како и замена на горниот слој што  е оштетен. Работите на терен ги изведува градежната фирма „Градба промет“ и според проценките на стручните служби, се очекува работите да завршат за 14 дена, информира Методи Митрев, портпарол во општината. 

Тој апелира до моторизираните граѓани кои поминуваат на потегот на кој се изведуваат градежни работи, внимателно да возат, со цел нивна и безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Додека трае санацијата, сообраќајот ќе биде регулиран со сообраќајна сигнализација, која континуирано ќе биде присутна на терен. свд/см/14:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...