Штипски „Исар“ работи на водоводни и канализациски мрежи во две населби

Штипски „Исар“ работи на водоводни и канализациски мрежи во две населби

Штип, 6 септември 2018 (МИА) - Во штипската населба „Дузлачки рид“ се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на 50 домаќинства од улицата „Кирчо Димитриев“.

Екипи на штипското комунално претпријатиое „Исар“ веќе работат на реконструкцијата на водоводната линија, која чини 408.000 денари. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој денеска беше во увид на градежните работи, истакна дека проектот се реализира по барање на жителите.

Ова е еден од проблемите што ги нотиравме за време на предизборната кампања. Сакаме да покажеме дека суштински и темелно се зафаќаме со решавање на проблемите на граѓаните. Овде во претходниот период бил поставен слој асфалт, но барањата на граѓаните овде биле и претходно да се постави водоводна линија, бидејќи имаат проблем со застарената водоводна линија. Тоа не било направено, па денес тие имаат големи проблеми. Затоа решивме веднаш да се зафатиме со решавање на овој проблем на граѓаните коишто живеат овде, рече Бочварски.

ЈП „Исар“ - Штип  деновиве работи и на изведба на фекална канализација во Стар Караорман. Бочварски забележа дека проблемот на жителите на оваа населба конечно добива свое решение. Со изведбата на фекална канализација од околу 260 метри се овозможува приклучок на околу 80 домаќинства од Горен Караорман на главната канализациска линија.

Инвестициската вредност на овој проект е околу 800.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип. вдј/цр/14:27

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...