• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Неготино почна проектот за лична асистенција за лица со телесна попреченост и слепило

Во Неготино почна проектот за лична асистенција за лица со телесна попреченост и слепило

Неготино, 6 септември 2018 (МИА)  - Во Неготино почна да се спроведува проектот за лична асистенција за лица со  телесна попреченост и слепило. Проектот е на Министерството за труд и социјална политика, а се спроведува во соработка со Црвен крст. Секретарот на Општинската организација на Црвен крст, Тоше Настов денеска информира дека 10 лица со телесна попреченост на возраст од 18 до 64 години, добија лични асистенти.

- Станува збор за пилот проект кој веднаш наиде на задоволство кај двете страни, но и воопшто кај јавноста. Кај нас се спроведува веќе втор месец. Девет лични асистенти им помагаат на лицата со попреченост пет дена во неделата. Во тие пет дена, тие секојдневно поминуваат со нив по четири часа. За извршенаата асистенција, добиваат месечен надоместок, појаснува Настов.

Потребата од лична асистенција,  многу пати во минатото ја истакнуваат семејства со лица со попреченост.свд/скс/15:12

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...