• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Заврши реконструкцијата на покривот на градинката во Кичево

Заврши реконструкцијата на покривот на градинката во Кичево

Кичево, 6 септември 2018 (МИА) - По внатрешната реконструкција на градинката „Олга Мицеска“ во Кичево, заврши и реконструкцијата на покривот на објектот наречен Клон Цветови, што е дел на градинката „Олга Мицеска“ во Кичево.

- Заедно можеме да постигнеме одлични резултати, заедно можеме да ја градиме иднината, со градење на иднината смe побезбедни. Благодарение на раководителите на ТЕЦ-Осломеј успеавме да извршиме целосна реконструкција на покривот на градинката Клон Цветови, како што знаете овој објект е во склоп на градинката „Олга Мицеска“ и се наоѓа во јужниот дел на градот, бидеќи токму ТЕЦ „Осломеј“ го финансираше овој зафат, рече директорот на единствената градинка во Кичево Садик Ахмети.

Изрази благодарност до комбинатот за помошта во реконструирањето на градинката. рз/нд/15:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ