• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Општина Кочани го објави повикот за избор на жетварска убавица

Општина Кочани го објави повикот за избор на жетварска убавица

Кочани6 септември 2018 (МИА)Во рамки на подготовките на 27. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, што годинава ќе се одржи на 27, 28 и 29 септември, општина Кочани како организатор  го објави повикот за учество во „Изборот на жетварска  убавица“.

Според пропозициите, на  конкурсот  може да  се  пријават девојки кои се жители на општина Кочани и се на возраст од 15 до 20 години, а во изборот може да учествуваат најмногу 15 учеснички.

Пријавувањето е од 6 до 12 септември 2018  година во Општина Кочани.

„Изборот на жетварска убавица“ со годините прерасна во уметнички перформанс со кој симболично се слави оризовата жетварка, жената што според традицијата ја започнува жетвата. 

Со овој настан ќе започнат „Деновите на кочанскиот ориз – 2018“, чии содржини главно ќе бидат лоцирани во Градскиот парк во Кочани. та/сд/15:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ