• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Собрани 50 крвни единици на крводарителска акција во Делчево

Собрани 50 крвни единици на крводарителска акција во Делчево

Делчево, 6 септември 2018 (МИА) - Во Делчево денеска се реализираше редовна крводарителска акција, што  почна во раните утрински часови. Трансфуизологот Виолета Ѓоргевска соопшти дека акцијата се одвивала во пријатна атмосфера и без никакви проблеми, што резултирала со одлична бројка од 50 подарени крвни единици.
 
-Ова е редовна крводарителска акција што ја спроведе Регионалниот центар за трансфузиона медицина од Штип во соработка со службата за трансфузиологија од Делчево. Одзивот беше одличен на денешната акција. Имаме соберено 50 крвни единици за што им се заблагодаруваме на сите редовни, но и на оние крводарители кои за првпат ја испружија раката и подарија од животворната течност, рече Ѓорѓевска.
 
Организатор на денешната акција беше општинската организација на Црвен крст Делчево од каде за утре најавија нова крводарителска акција со крводарителите од општина Македонска Каменица.вс/сд/16:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...