• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Санација на оштетени улици во Велес

Санација на оштетени улици во Велес

Велес, 7 септември 2018 (МИА) - Во Велес денеска започна санација на оштетените главни велешки соообраќајници.

Како што информира Снежана Дервишова од службата за градежништво на Општина Велес, работите ќе продолжат  и утре и во понеделник, a во зависност од временските услови.

- Денеска во месноста „Дворови“ во Велес  со бекатон плочки се уреди улицата „Трајко Панов“ која води кон градинката, а таму се бетонира и улицата „Благој Абрашев“. Се поплочува улицата „Прохор Пчински“ која води кон градската  црква „Св Спас“. Се уредуваат и улиците „Мицко Козар“ и „Киро Ќучук“. Се поплочи  и дел од улицата  „Христо Узунов“ и се доуредува паркингот кај Градското пазариште.

Таа појаснува дека како и порано и сега има можност граѓаните да земат градежен материјал  од општината и сами да бетонираат своите  улици каде што живеат.

Така жителите од Башино Село веќе побарале градежен  материјал и ќе ја бетонираат улицата која води до црквата и жителите на „Славе Евтов“ на Камено брдо во Велес.

Дервишова информира дека градежни екипи ангажирани од Општина Велес уредија улица во велешко Горно Оризари а ја асфалтираа и улицата во Сателитската Населба кај Езерото „Младост“.

Таа најави дека ќе се уредат и улици во велешките села Црквино и Иванковци и други села.ад/скс/14:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ