Во штипската болница мамографот ставен во функција

Во штипската болница мамографот ставен во функција

Штип, 7 септември 2018 (МИА) - Мамографот во штипската Клиничка болница конечно е ставен во функција. По речиси една година е сервисиран, а веќе се закажуваат и прегледи преку системот „Мој термин“.

- Сервисирањето на новиот апарат не ја чинеше ништо штипската болница, бидејки се уште е под гаранција, што беше причина и сервисерите малку да ја одолжат неговата поправка, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев. Тој истакна дека во моментот во болницата работат сите апарати, а деновиве ќе биде сервисиран и лифтот во рентген центарот.

Мамографот е релативно нов и беше инсталиран во 2015 година. Тогаш поради старата и дотраена апаратура, покрај Штип ваков софистициран апарат добија Кочани, Велес, Македонска Каменица и Радовиш.

Раното и навремено детектирање на карциномот на дојка е од голема важност за намалување на смртноста кај жените, бројка која од година во година е се поголема. Статистиката покажува аларматни податоци. Годишно во државата се откриваат околу илјада новозаболени жени. вдј/нд/15:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...