Полицијата и планинарите на средби за побезбедно планинарење

Полицијата и планинарите на средби за побезбедно планинарење

Гостивар, 7 септември 2018 (МИА) - СВР Тетово ја одржа првата од неколкуте најавени средби со раководствата на планинарските друштва од полошкиот регион со превентивно-едукативна цел.

Средбите се дел од планираните активности во пресрет на започнувањето на поинтензивната планинарска сезона.

На првата средба со раководствата на планинарските друштва „Бистра“ и  „Шари“, претставниците од Отсекот за превенција на СВР Тетово поблиску ги запознаа со насоките за безбедно планинарење и за тоа, што и како треба да направат пред да ги реализираат нивните активности.  

- На средбата беше објаснето дека е пожелно однапред да ги пријавуваат планинарските тури и точните локации каде планираат да се движат, застануваат или преноќуваат. Ова, посебно  кога турите се изведуваат во есенски или зимски услови и кога планинарите, домашни или странски, недоволно го познаваат теренот за движење. Зашто, на тој начин ќе се придонесе побрзо да се лоцираат при евентуални проблематични ситуации по нивната лична и заедничка безбедност, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јосифоски посочува дека овие укажувањана планинарите од Полог се во насока на намалување на заталкувањата на поединци-планинари или љубители на разните екстремни спортови, какви што неретко се случуваа минатата и оваа година. згм/сст/16:09

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...