Се запали камион со метан пред Македонска Каменица, спречена поголема несреќа

Се запали камион со метан пред Македонска Каменица, спречена поголема несреќа

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Камион кој превезувал 265 празни единици под притисок и со носивост од 90 литри метан, денеска попладне се запали на влезот во Македонска Каменица.

Во несреќата изгорел кабинскиот дел на камион марка Волво со бугарски регистарски таблички.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица поради брзата реакција на камемничките пожарникари избегната е поголема катастрофа.

- Брзата и присебна реакција на ТППЕ од Македонска Каменица спречи катастрофа од поголеми размери, успевајќи во последен момент да спречат ширење на огнот кон товарниот дел од камионот. Наши екипите на ТППЕ се уште се на терен и ќе останат на лице место за да не дојде од било каква компликација на ситуацијата, велат од ТППЕ од Македонска Каменица.

Од полицијата го истражуваат случајот од каде допрва ќе следуваат информации за настанатата штета како и за утврдување на последиците и причините за настанувањето на несреќата. вс/нд/20:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...