• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Доделени седмосептемвриските награди во Кавадарци

Доделени седмосептемвриските награди во Кавадарци

Кавадарци, 7 септември 2018 (МИА) - Советот на општина Кавадарци вечерва одржа свечена седница, по повод 74 години од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. Беа доделени седмосептемвриските награди, за особени заслуги во општествениот живот. Според одлуката на Советот, највисокито општинско признание во областа на културата се доделува на Страшо Темков - флејтист, од областа на спортот  на професорот по физичко воспитување Димитар Пецов и од областа на музиката, на Александар Ангелов од групата „Дрим-тим“.
 
-Наградата „7 Септември“ се доделува на физички и на правни лица за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, за посебен придонес за развојот на општината и нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот, појаснуваат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

На ученици и студенти, наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.

Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета. 

Седницата ја отвори претседателот на Советот Ристо Сакалиев, а пред присутните се обрати и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Тој се наврати на деновите на ослободувањето и за жртвите кои со крв ја платиле слободата, а оставиле аманет за грижа за неа и за Кавадарци. 

 -Функцијата градоначалник претставува задоволство, но и обврска кон идните генерации. Наша цел е Кавадарци да биде најубаво место за живеење, рече градоначалникот Јанчен осврнувајќи се на досегашните и идните инфраструктурни проекти, но и за проектите за подобрување на животот на разни категории на луѓе. 
 
Јанчев нагласи дека развојот на Кавадарци се зголемува. Додаде дека очекува уште многу придобивки во иднина, а меѓу нив и зголемување на бројот на туристи кои ќе дојдат во оваа општина. свд/бк/21:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...

Јакната на Хан Соло на аукција, се очекуваат 1,3 милион долари

Јакната што Харисон Форд ја носеше глумејќи го лик...