• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Млади волонтери од Делчево го одбележуваат Светскиот ден на прва помош

Млади волонтери од Делчево го одбележуваат Светскиот ден на прва помош

Делчево, 8 септември 2018 (МИА) - Општинската организација и Клубот на млади при Црвен крст Делчево денеска се вклучи во одбележувањето на 8 Септември - Светскиот ден на Прва помош. Како што истакна Билјана Георгиевска, претседател на Црвен крст Делчево со младите волонтери се спроведоа неколку активности согласно годинешното мото на одбележувањето на Светскиот ден на прва помош.

-Мотото на овој значаен датум годинава е "Не ви е потребна лиценца за да спасите нечиј живот". Во таа насока денес во рамки на предвидените активности доделивме флаери за укажување на прва помош и безбедност во сообраќајот, додека со младите членови и волонтери кои се подготвуваат за државниот натпревар по прва помош, имавме показна вежба за укажување прва помош при сообраќајни незгоди, рече Георгиевска.

Волонтери Црвен крст Делчево

Клубот на млади волонтери при Црвен крст кој брои 30 членови и наскоро започнува кампања за прием на нови активисти.

-Во потрага сме по нови членови и за таа цел имаме формирано училишни клубови во основните училишта каде што се надеваме дека ќе привлечеме нови членови, рече волонтерот Иван Стоиловски.

Денешните активности по повод Светскиот ден на прва помош, младите активисти ги спроведоа во градскиот парк во Делчево.вс/сд/10:03

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ