• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Затворениот градски базен во Куманово подготвен за претстојаната сезона

Затворениот градски базен во Куманово подготвен за претстојаната сезона

Куманово, 8 септември 2018 (МИА) - Затворениот градски базен е подготвен за претстојната сезона, информираа надлежните од ЈП „Чистота и зеленило“ под чии ингренеции е спортскиот објект. Испуштена и заменета е водата во базенот, достигната е потребната температура и извршени се санирања на одредени елементи во базенот.

- Ги поканувам и рекреативците и сите да уживаат во базенот, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.

Услугите на затворениот градски базен ги користат учениците, но и рекреативци како и неколкуте приватни школи за пливање. Билетот за еден час користење останува исто како и претходната година, 100 денари. И годинава останува обврската за потребни одредени реквизити за капење. Во наредниот период, ќе се утврдат термините за користење на базенот од страна на основците и средношколците.

Стојчевски информираше дека летово се продадени за една третина помалку билети на отворениот градски базен.

- Изминатата сезона продадовме околу 9.000, а минатата година имаше околу 15.000 продадени билети. Ова се должи на врнежливото време и пониските темпертаури со кои се карактеризираше летото, изјави Стојчевски. ам/мд/13:43

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...