• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Штип одбележан денот на прва помош

Во Штип одбележан денот на прва помош

Штип, 8 Септември 2018 (МИА) - Волонтерите на штипската организација на Црвениот крст денеска со делење на едукативни флаери на кои се испишани пораки до учесниците во сообраќајот го одбележа Светскиот ден на прва помош.

-Овде сме по повод Светскиот ден на прва помош, делиме флаери на кои пишува „Не ти треба лиценца за да спасиш нечиј живот, вели Лидија Ангелова, член на ОО на Црвен Крст – Штип.

Марјан Шаринов претседател на ОО Црвен крст-Штип вели дека на овој начин сакаат да ја подигнат свеста кај возачите и на сите учесници во сообрачајот, дека првата помош е законска обврска.

- Со оглед на тоа што уште при обуката за возачи, тие задолжително мора да поминат прва помош, но гледаме дека во последно време ја избегнуваат таа обврска и сакаме да ја подигнеме свеста дека треба да се помага на повредени лица при сообраќајни незгоди, рече Шаринов.

Флаерите беа делени низ централното градско подрачје, а вчера заедно со Општина Штип имаа и крводарителска акција. вдј/бк/15:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ