• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во прекин водоснабдувањето во Делчево

Во прекин водоснабдувањето во Делчево

Делчево, 8 септември 2018 (МИА) - Поради дефект во прекин е водоснабдувањето во општина Делчево. Прекинот се јавил како резултат на проблем со водоснабдителната мрежа во село Тработивиште поради што жителите на Делчево ќе бидат без вода за пиење до крајот на денот.

Како што информираше директорот на јавното комунално претпријатие Стојче Стојковски откако дефектот бил лоциран, екипа на ЈПКД „Брегалница“ се упатила на терен и интензивно работи на санирање.

- Нашите екипи интензивно работат на справување со дефектот кој е заблежан денеска во попладневните часови. Дефектот е лоциран кај главната водоводна мрежа во село Тработивиште, која е главен снабдувач на вода за жителите на општина Делчево, поради што во моментот во прекин е водоснабдувањето во општина Делчево. Апелираме на трпеливост до граѓаните, кои ги информираме дека до крајот на денот проблемот со недостиг на вода ќе биде целосно решен, информираше Стојчевски.

Во акцијата за санирање на проблемот со водоводната мрежа е вклучена градежна механизација и екипа од 10 луѓе кои активно работат на оспособување на водоводот и негово повторно пуштање во употреба. вс/мд/16:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...