• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Седумстотини и педесет учесници на Винскиот карневал во Кавадарци

Седумстотини и педесет учесници на Винскиот карневал во Кавадарци

Кавадарци, 9 септември 2018 (МИА) - Седумстотини и педесет учесници од земјава и странство беа дел од Винскиот карневал во Кавадарци, кој се реализираше во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер”.

Низ централното градско подрачје продефилираа триесетина карневалски групи. Се славеше грозјето и производите од грозје.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и претседателот Ѓорѓе Иванов заедно со винските крал и кралица симболично го објавија чинот на берба на грозје, а млади девојки со нозе газеа грозје во голема бочва, за подоцна од него да се прави вино и ракија, како што тоа се правело во минатото.

Пред многубројните присутни беше претставен чинот на раѓањето на грозјето, домашното вино и тиквешката жта, џоломарите со страшните маски го избркаа злото од лозаровинарството, а кај многумина од учесниците преовладуваа зелената и жолтата боја, како симболика за зеленото море од лозја и плодното тиквешко сонце во најлозарскиот дел на Македонија.

Јанчев и Иванов посакаа бериќетни денови во лозаровинарството. свд/бк/15:22

###


    

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ