Водоснабдителните системи во Гевгелија обезбедуваат 315 литри вода за пиење во секунда

Водоснабдителните системи во Гевгелија обезбедуваат 315 литри вода за пиење во секунда

Гевгелија, 10 септември 2018 (МИА) - Водоснабдителните системи на територијата на општина Гевгелија моментно обезбедуваат 315 литри вода за пиење во секунда. Од јавното комунално претпријатие велат дека со ова количество вода и во најтоплите летни денови се задоволува потрошувачката на вода за пиење во градот Гевгелија и поголемите населени места во општината.

- Во функција се вкупно 13 водоснабдителни системи преку кои го обезбедуваме споменатото количество вода за пиење. Најмногу бунари има во Гевгелија од кои четири во бунарското подречје Моин и еден во регионот на реката Вардар од кои се обезбедуваат 250 литри вода за пиење во секунда. Останатите количества вода за пиење ги обезбедуваме преку бунарите и каптажите лоцирани во Миравци, Смоквица, Прдејци и Негорци, велат од гевгелиски комуналец.

Од општината посочија дека локалната самоуправа има интенции и понатаму да го подобрува водоснабдувањето со изградба на нови системи и во помалите населени места.

Во Гевгелија заради подобрување на квалитетот на водата за пиење во најскоро време ќе проработи новиот водоснабдителен ситем кој ќе обезбеди дополнителни 250 литри вода за пиење во секунда што ќе значи долгорочно решавање на водоснабдувањето во Гевгелија. им/цр/10:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...