• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

ЈП „Комуналец“,Крива Паланка апелира на приклучување кон новите водоводни и канализациски системи

ЈП „Комуналец“,Крива Паланка апелира на приклучување кон новите водоводни и канализациски системи

Крива Паланка, 10 септември 2018, (МИА) – Граѓаните на Крива Паланка од месноста „Бојанов дол“ и улица „8 Октомври“ да се приклучат кон новите канализациски системи изградени неодамна, апелираат одговорните од Јавно претпријатие „Комуналец“, Крива Паланка.

Оттаму посочија дека жителите на улицата „8 Октомври“ можат да се приклучат и кон водоводниот систем по извршената замена на азбестно-цементни цевки со полиетиленски.

- Апелирам граѓаните да се одзват на повикот да извршат приклучок кон водоводот со нови полиетиленски цевки поставени на ул.„8 Октомври“ на потегот од клучката со главната улица до над домот за ученици, каде неодамна беше извршена замена на преостанатито дел азбестно-цементни цевки и веќе градот нема вакви цевки во водоводот. Изградена е примарна мрежа, а сите граѓани кои сакаат да се приклучат од старите кон новите цевководи неопходно е да извршат подготовка на теренот, да направат ископ до клучката со системот, посочи директорот на ЈП„Комуналец“, Миле Марковски.

Сите домаќинства пак од месноста "Бојанов дол" и "8 Октомври" до Маневски мост каде пред извесен период се изградени канализации, а претходно не постоеле, неопходно е поскоро да се вклучат во системот.

- Домаќинствата ќе мора да се приклучат бидејќи станува збор за новоизграден систем за одвод на фекални води и претходно не постоела канализација. Претпријатието ќе им излезе во пресрет и ќе има разбирање за сите фамилии од ранливи категории, со пониски примања и во социјален ризик, овозможувајќи согласно нивните потреби плаќање на рати, додаде Марковски.

Промената на азбестни водоводни цевки со полиетиленски се спроведе преку Програмата за изградба и реконструкција на локалната водоводна мрежа во општина Крива Паланка, со  проектот  на Владата на РМ и ЕИБ „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, а со истиот заменети се цевки во вкупна должина од околу 2.8 километри. ид/цр/11:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...