Се осовременува градскиот пазар во Битола

Се осовременува градскиот пазар во Битола

Битола, 10 септември 2018 (МИА) - Јавното претпријатие „Пазари“ - Битола продолжи со реализација на програмата за осовременување и стандардизирање на пазарниот простор лоциран во централното градско подрачје.

Од ЈП „Пазари“-Битола информираат дека викендов е завршено поставувањето на нови настрешници, а наскоро ќе бидат промовирани и други инвестиции на тој локален сервис.

- Ја променивме сликата или првата глетка на градскиот пазар на која долго време доминираа расфрлани и неуредно поставени најлони и друг материјал врз тезгите на пазарџиите. На челичната конструкција сега ќе бидат поставени платнени тенди, со кои се обезбедува и заштита на посетителите во пазарот, истакна Александар Касапов, директор на ЈП „Пазари“- Битола.

ЈП „Пазари“ - Битола неодамна заврши со инфраструктурните интервенции на водоводната и канализациската мрежа во градскиот пазар, реновирани се пристапните скали, а поставена е и пристапна рампа за лица кои користат инвалидски колички.мт/скс/13:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...