Нова фасада, прозорци и тоалети во ОУ „Вера Которка“ во кумановско Клечовце

Нова фасада, прозорци и тоалети во ОУ „Вера Которка“ во  кумановско Клечовце

Куманово, 10 септември 2018 (МИА) - Нова фасада, прозорци, тоалети добија учениците и вработените во основното училиште „Вера Которка“ во кумановско Клечовце. Инвестицијата  се реализира во рамки на проект на амбасадата на Чешка во Македонија.
 
Одговорните лица во училиштето оценуваат дека подобрените инфраструктурни услови значително ќе влијаат на подобрување на условите за изведување на квалитетна настава.
 
По повод завршувањето на инвестициите, денеска ова училиште го посетија амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Амбасадорот Томан, изрази задоволство од реализираните инвестиции во училиштето.

- Драго ми е што средствата од проектите кои ги нуди чешката амбасада, одат за децата, за нашата иднина, рече меѓу другото амбасадорот Томан.

Димитриевски, потсети дека за реелизација на овој проект пред само половина година разговарале со амбасадорот.

Тој им се заблагодари на граѓаните на Република Чешка, на вработените во амбасадата, лично на амбасадорот, изведувачот и сите кои беа вклучени во реализација на овој проект. 

Истакна дека вработените во ова училиште се вложуваат во образованието на учениците кои покажуваат забележителни резултати и во нивното понтамошно средно образование во кумановските училишта.

Димитривески најави реализација на други инфраструктурни проекти за ова село каде што има млада популација, изградба на мини плоштад и реконструкција на постоечка зграда, поранешен дом, која би ја користеле жителите за одржување на различни манифестации.

Во основното „Вера Которка“ во Клечовце, настава следат 65 ученици од Клечовце, Јачинце, Стрезовце и Бељковце. Училиштето како централно во оваа поранешна општина функционира од 1958 година. ам/цр/14:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ