Продолжува крпењето ударни дупки по улиците во Делчево

Продолжува крпењето ударни дупки по улиците во Делчево

Делчево, 10 септември 2018 (МИА) - Поради лошата состојба на дел од улиците во градот и оштетувањата на коловозот, Општина Делчево од денеска продолжува со санација на коловозите и крпење на ударните дупки. Градежните активности за крпење на оштетениот асфалт, како што информираа од кабинетот на градоначалникот Трајковски започна во населбата Трети реон на  ул. „Острец“, а ќе продолжи и на ул. „Плачковица“. 
 
- Освен на споменатите улици се санира коловозот на  улицата „Ванчо Прке“ во населбата Втори реон,  додека во населбата Први реон ќе се санираат: ул „Голачка“, „Јане Сандански“, „Иво Лола Рибар“, „Солунска“, велат од локалната самоуправа. 
 
Крпењето на ударните дупки, како што информираа од општината ќе продолжи во населбата Ново Делчево на улиците „Трст“, „Индустриска“,„ Царевоселска“,„ Малешевска“, а во населбата Милково Брдо ќе се крпат ударните дупки на улиците „Никола Карев“, „Ѓорче Петров“ и „Браќа Миладиновци".
 
Санацијата на коловозот на улиците се врши по однапред определени приоритети врз основа на извршената инспекциска контрола на состојбата на улици и патишта во Општина Делчево во периодот јануари-април 2018 година, при што се детектирани ударни дупки или оштетувања на коловозот на 30 улици во градот.вс/скс/15:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ