• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Со есенската акција за чистење на Кисела Вода досега собрани 10 тони отпад

Со есенската акција за чистење на Кисела Вода досега собрани 10 тони отпад

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Во општина Кисела Вода во рамки на акцијата за чистење на тревните површини, парковите и улиците досега се собрани околу 10 тони смет и кабаст отпад.

- Сезонските работници денеска во МЗ Подстаница вршат целосно расчистување на сметот, а во исто време го собираат и кабастиот отпад одложен на локации во оваа месна заедница. Со овие активности опфатено е и чистење на Црниот канал. Покрај ова, се косат нараснатите тревни површини, а се кастрат и гранките на дрвјата, информираат од Општина Кисела Вода.

Акцијата за чистење на територијата на Кисела Вода ќе продолжи да се одвива во четврток и петок во населба и село Драчево.

Од Општината апелираат до сите граѓани за совесно однесување и почитување на законот за јавна чистота, како би придонеле за поздрава и почиста животна средина, велат од Општината.

Акцијата започна минатата недела во населбите Црниче и Пржино. см/скс/13:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.