Се гради нов спортски терен во Македонска Каменица

Се гради нов спортски терен во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 11 септември 2018 (МИА) - Во тек е реконструкција на спортскиот терен и простор во училишниот двор на гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица. Во рамки на проектот како што информираа од каменичката гимназија ќе биде поставена нова стандардизирана „FIBA“ опрема и подлога на теренот од кошаркарското игралиште како и додатна урбана опрема на просторот од училишниот двор.

За градоначалникот Соња Стаменкова, реализацијата на овој проект за младите од Македонска Каменица значи отворање на поголеми можности за спортски активности.

- Со изградбата на новото модерно кошаркарско игралиште и урбано уредениот простор се надевам дека ќе допринесеме училишниот двор во гимназијата „Миле Јаневски - Џингар“ да добие сосем нов лик, а воедно да прерасне како урбано катче на многу идни генерации и место во кое младите ќе продолжат да спортуваат во подобри услови како и да го користат за голем број на спортски активности и дружење, рече Стаменкова.

Изградбата на ново модерно кошаркарско игралиште се реализира на иницијатива на општина Македонска Каменица и рудник САСА.вс/са/13:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...