• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Берово во тек проектот за градење солидарност во заедницата

Во Берово во тек проектот за градење солидарност во заедницата

Берово, 11 септември 2018 (МИА) - Со ангажирање на девет невработени лица во програмата за извршување на општинско-корисна работа, во Берово почна спроведувањето на проектот „Градење солидарност во заедницата".

Како што информираа од Центарот за вработување во Берово, целта на програмата е примателите на социјална помош, самохрани родители, деца без родители, млади лица до 29 години и долгорочно невработените лица да се стекнат со одредени вештини, знаења и работно искуство, кои ќе ги направат поконкурентни на пазарот на труд и во исто време да се овозможи грижа на одредени лица на кои навистина им е потребна.

- Ангажираните ќе добијат шанса да се стекнат со работно искуство и одредени вештини преку обуките кои се планирани во рамки на целокупната програма, а лицата кои ќе бидат ангажирани за грижа за стари лица ќе се стекнат со сертификати за нега и грижа за стари лица во домашни услови, велат од АВРМ Берово.

Согласно проектот за градење на солидарност во заедницата, лицата кои ќе бидат ангажирани во образовниот процес ќе работат девет месеци, а останатите ќе бидат со ангажман од шест месеци, временски период за кој ќе добиваат месечен надоместок.

Проектот за општокорисна работа „Градење на солидарност во заедницата“ е дел од мерките на Владата, во соработка со УНДП, за ангажирање на невработени лица. вс/вј/13:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ