Амбасадорот Џес Бејли отвори Центар за млади во Гостивар

Амбасадорот Џес Бејли отвори Центар за млади во Гостивар

Гостивар, 11 септември 2018 (МИА) - Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли предаде во употреба Центар за млади и заедницата (Youth and Community Centеr) во Гостивар и порача дека од денес младите гостиварци ќе имаат место во кое ќе ги унапредуваат меѓусебните односи.

На пригодната свеченост по повод отварањето беа претставени дел од активностите кои почнаа да се спроведуваат во овој центар. Амбасадорот Бејли ја истакна мултикултурата на Гостивар како предност и порача таа да се негува.

- Отворањето дојде многу побрзо отколку што сите ние се надевавме. Тоа е и затоа што имаше одлична соработка со Општината Гостивар, со градоначалникот, со бизнис-секторот и многу други кои ја обезбедија својата поддршка и овозможија целата заедница да се спои. Овој проект се занимава со потребите коишто веќе ги слушнавме, потребите на младината. Ова е место каде што луѓето се среќаваат и разговараат, лице в лице, а не онлајн, на мрежите. Затоа сметам дека ова е навистина моќна предност што ќе им помогне на младите луѓе да се разбираат меѓу себе, рече амбасадорот Бејли во обраќањето.

Новоотворениот Центар за млади има за цел да ѝ помага на младата популација во професионалниот и личен развој. Во него ќе се спроведуваат проекти за поддршка за градење кариера, претприемништво и разни креативни, културни настани и воннаставни активности за учениците. Функционирањето на ценатрот е финансиски поддржано од Амбасдата на САД во Македонија.

Амбасадорот Бејли при посетата на Гостивар имаше и едночасовна средба со градоначалникот Арбен Таравари. згм/хс/18:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...