Делегација од Упсала во посета на општина Крива Паланка

Делегација од Упсала во посета на општина Крива Паланка

Крива Паланка, 12 септември 2018 (МИА) – Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска оствари средба со делегација од шведската општина Упсала, со која преку Територијалната противпожарна единица од градот е воспоставена и се негува долгогодишна соработка.

- Општина Крива Паланка со Упсала има традиционално добра соработка на полето на територијалната противпожарна заштита. Сојузот на противпожарната единица на Упсала до сега има донирано две возила за локалните потреби на ТППЕ Крива Паланка и Кумановско-осоговската епархија, манастир „Св. Јоаким Осоговски“. На средбата се разговараше за понатамошното унапредување на соработката и размена на практични знаења и искуства со  противпожарната единица во Упсала која брои 400 вработени со годишен буџет од 20.000.000 евра, истакна Мицевски.

Делегацијата беше во состав Патрик Челин, претседател на одборот на Противпожарен сојуз, Упсала, Јан Улманде, заменик претседател на Сојузот, Андреш Олстор, командир на ТППЕ Упсала, Бор Јуанстон и Лејф Андерсон пензионирани членови на единицата.

Во знак на успешна соработка и добрите практики кои ќе продолжат во понатамошниот период, на делегацијата и беше врачена плакета од општина Крива Паланка. ид/аа/13:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...