Продолжува тампонирањето улици со гребен асфалт во селата во општина Неготино

Продолжува тампонирањето улици со гребен асфалт во селата во општина Неготино

Неготино, 12 септември 2018 (МИА) - Во селата во општина Неготино продолжува тампонирањето улици со гребен асфалт. Тампонирани се улици во Тремник, Долни Дисан, Црвени Брегови и дел од Тимјаник.

Градоначалникот на општината Тони Делков информира дека бБлагодарение на одличната соработка со Јавното претпријатие за државни патишта и излегувањето во пресрет на барањето на општина Неготино за отстапување на гребениот асфалт од реконструкцијата на дел од автопатот, во неколку села во неготинска општина се изврши тампонирање на улици.

Тој додаде дека со гребениот асфалт од санацијата на улицата “Маршал Тито“, предвидено е тампонирање на улици во Курија и крак во Тремник. 

- Според однапред утврдената динамика за работа, во наредниот период ќе се пристапи и кон тампонирање на улици во Војшанци и мал дел во Дуброво, со што максимално и од интерес на локалното население, ќе биде искористен гребениот асфалт од автопатот и од санацијата на главната улица во Неготино, додава Делков.свд/скс/15:17

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...