• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Инспиративна работилница за лидерство, спроведена од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд Сити Колеџ во Скопје

 

   ОТС лого

Број на објава: 139/05/2015
Датум:15.05.2015 
Нарачател:Сити Колеџ 
Eл. адреса:miki.trajkoski@elementpr.mk 
Телефон:071 279101 
Клучни зборови: Сити Колеџ 

 

лого Сити колеџ 

 

СООПШТЕНИЕ

 

(Скопје, 15.05.2015) - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја организираше првата работилница за млади лидери. Повеќе од 60 ученици од четврта година од средните училишта, како и апсолвентисе стекнаасо нови знаења и вештини во областа на лидерството.

работилница

Со креативни и интерактивни вежби, учесниците беа поттикнувани да ги изразат своите лидерски вештини и да научат како да се изградат во професионалци зад кои ќе стои ефективен тим.

Работилницата беше предводена од Д-р НиколаосДимитриадис, професор на одделот за Бизнис, Администрација и Економија при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд – Сити Колеџ и директор на Едукативниот институт за развој (EDI), кој е исто така и презентер на TED Talks, истражувач и практичар во полето на маркетингот и комуникациите.

работилница1

„Наспроти застареното верување дека лидерските способности се вродени, јас лично верувам дека сите ние имаме лидерски потенцијали. Секој може да бидехаризматичен лидер и секој може да влијае и да ги пренесе своите пораки на останатите. Затоа мора да најдеме начин да ја ослободиме оваа енергија и овој потенцијал. А кога станува збор за младите луѓе, посебно оваа нова генерација, кои се родени и израснати со интернет и имаат пристап до сите информации,со цел да ги ослободат своите лидерски потенцијали, треба да им дадеме простор. Тука, нашата улога во развивање на нови лидери, не е да ги научиме како да станат лидери, тие самите имаат енергија а знаењето може да го најдат. Потребно е само да им се обезбеди простор за природно да ги извлечат лидерските вештини. Зборуваме за менторство или тренинг, а не едукација. Треба да го говориме нивниот јазик, да им укажеме што е возможно и да им дадеме простор и самодоверба да станат идни лидери во своите професии“, изјави Д-р НиколаосДимитриадис.

На учесниците на работилница им беа доделени сертификати од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, а учеството воедно отвораше можност заприсутните да сездобијат со парцијалнастипендија за додипломски или постдипломски студии во Бизнис, Администрација и Економија, Психологија, Компјутерски науки или Англиски јазик на еден од 25те најдобри универзитети во Европа!

работилница2

 

 

МИА - ОТС

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен исклучително нарачателот. 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...