• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Претставата „На дното“ на штипски Народен театар со Гран при награда на фестивал во Црна Гора

Претставата „На дното“ на штипски Народен театар со Гран при награда на фестивал во Црна Гора

Штип, 16 септември 2016 (МИА) - Претставата „На дното“ во режија на Дејан Пројковски,а во изведба на актерите од штипскиот Народен театар се добитници на Гран при и награда за најдобра режија на овогодинешното издание на Фестивалот за алтернативен театар (ФИАТ), во Подгорица, Црна Гора.

Директорот на Џентарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Миле Вратеовски на денешната прес-конференција информира дека фестивалот ФИАТ во Подгорица е вториот по големина фестивал на Балканот, а на штипските актери им е огромно задоволството што токму со претставата на Пројковски ја освоија Гран при наградата.

- Имаше огромна конкуренција, на фестивалот се појавија имиња на режисери и на театри од Словенија, од Босна и Херцеговина, од Србија, Италија. Имиња како Ник Купер. Големо е здаоволството на штипските актери што претсвата „На дното“ ја доби Гран при наградата и секако наградата за најдобра режија, вели Вртеовски.

Актерот Пеце Ристевски забележува дека реакцијата на останатите актери кои присуствувале на фестивалот била фантастична, а изведбата на македонски јазик воопшто не преставувала проблем за да публиката во целост  ја разбере познатата драма на Горки.

„На дното“ премиерно беше изведена на  четврти септември, а од штипскиот тетатар се надеваат дека со оваа претстава ќе бидат фаворити и на  театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. вдј/цр/15:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.