• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Медали за средношколки од Виница од натпревари во Белград и Измир

Медали за средношколки од Виница од натпревари во Белград и Измир

Виница, 14 јуни 2018 (МИА) - Истражување на домашните и странските сорти ориз им донесе два бронзени медала на Ана Павлова и Ана Атанасова, ученички во СОУ „Ванчо Прке“ од Виница, на интернационалните натпревари за млади научници во Србија и Турција.

Со темата „Квалитативни својства на домашни и странски сорти ориз“, двете средношколки како претставнички од Македонија учествуваа на Меѓународната конференција за млади научници во Белград, каде во конкуренција од 129 учесници од 30 држави го освоија третото место.

награди Виница 2

- Успехот што го постигнавме во Србија ни обезбеди учество на сличен меѓународен натпревар во турскиот град Измир и во областа биологија со истата тема повторно освоивме бронзен медал. Таму се натпреварувавме со врсници од 25 држави во светот и нашиот труд беше високо оценет. Признанијата што ги добивме се мотив да продолжиме со истражувачка работа на слични теми од биологијата, а заслуга за успехот има и нашата професорка Елида Ангелова, истакнаа наградените ученички.

Градоначалникот на Виница Ивица Димитров им честиташе на успехот на двете средношколки за кои соодветни награди обезбедува и Општината, а најави финансиска поддршка за сите ученици кои квалитетот и залагањето ќе го потврдат на слични натпревари. та/хс/11:21

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ