Утре почнува уписот во средните училишта

Утре почнува уписот во средните училишта

Скопје, 17 јуни 2018 (МИА) - Во јавните средни училишта во земјава утре и задутре ќе се спроведе првото пријавување и запишување ученици за учебната 2018/2019 година во јунскиот уписен рок. 

Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни. Квалификациското тестирање ќе се организира на 22 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни. 

Второто пријавување и запишување на учениците во јуни ќе се врши на 28-ми, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден, 29 јуни.

Според конкурсот кој МОН го објави во март, учениците може да изберат гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август. хс/вј/11:05

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...