• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Бејли: Оптимист сум за иднината на Македонија

Бејли: Оптимист сум за иднината на Македонија

Тетово, 16 јуни 2018 (МИА) - Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ја промовираше 14. генерација на апсолвенти, а на свеченоста присуствуваа и амбасадорите на САД и Словенија, Џес бејли и Милан Јазбец и министерот за образование и наука Арбр Адеми.

Амбасадорот Бејли во своето обраќање рече дека е оптимист и за иднината на Универзитетот на ЈИЕ и за иднината на Македонија како земја. 

- Ова е нов почеток за Универзитетот бидејќи професор Абдулменаф Беџети ќе ја преземе функцијата ректор, а професорот Замир Дика ќе започне нова фаза во својата истакната кариера. Општо земено тоа е момент на нови почетоци за Република Македонија бидејќи премиерите Заев и Ципрас ќе се состанат во Преспа за да го потпишат договорот за решавање на спорот за името што го попречуваше напредокот на земјата кон НАТО и ЕУ. Јас сум оптимист и за иднината на УЈИЕ и за Македонија како земја, истакна Бејли.

На апсолвентите им порача да го применат своето знаење во корист на општеството и да придонесат за развој на државата.

Министерот Адеми им посака што поскоро да ги реализираат своите планови и цели. - Лично сум убеден дека сите се подготвени да одговорат на предизвиците на пазарот на труд или од друга страна да продолжат со повисоко ниво на студии, рече Адеми. 

За актуелниот ректор Замир Дика, можноста за членство во НАТО и за почеток на преговори во ЕУ е добра вест и надеж за иднината на земјата. - Патот кон градење на западноевропските стандарди и вредности повторно ќе зависи од нас и ќе бара посветеност, интелектуална и морална храброст, како и нови знаења, рече Дика. 

Свеченоста заврши со фрлање на капите на околу петстотина апсолвенти на УЈУЕ. ас/бак/14:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.