• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Почнува уписот во средните училишта

Почнува уписот во средните училишта

Скопје, 18 јуни 2018 (МИА) - Во јавните средни училишта во земјава денеска и утре се спроведува првото пријавување и запишување ученици за учебната 2018/2019 година во јунскиот уписен рок. 

Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни. Квалификациското тестирање ќе се организира на 22 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни. 

Второто пријавување и запишување на учениците во јуни ќе се врши на 28-ми, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден, 29 јуни.

Според конкурсот кој МОН го објави во март, учениците може да изберат гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август.хс/са/07:00

###

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ