• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Научна конференција за Договорот за добрососедство со Бугарија

Научна конференција за Договорот за добрососедство со Бугарија

Скопје, 18 јуни 2018 (МИА) - Научна конференција на тема „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и перспективите за евроатлантска интеграција на Република Македонија“ денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). 

Организатори на конференцијата се МАНУ, Бугарската академија на науките во соработка со Министерството за надворешни работи.

Целта на конференцијата, како што соопштија организаторите, е да се проникне во улогата на овој Договор и неговото влијание на евроатлантските интеграции на Република Македонија и Западен Балкан. 

Научната конференција ќе ја отворат претседателот на МАНУ академик Таки Фити, потпретседателот на БАН академик Васил Николов и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски. Излагања ќе имаат академици, професори и експерти. 

Ќе биде претставена и Платформата за натамошна соработка на МАНУ и БАН во спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. мд/са/06:58

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ