Дискусија: Користењето на алтернативните горива ќе го намали загадувањето

Дискусија: Користењето на алтернативните горива ќе го намали загадувањето

Скопје, 18 јуни 2018 (МИА) - Употребата на алтернативните горива во индустријата ќе донесе видливи придобивки за животната средина, за општеството и за економијата на државата и затоа нивната употреба во Македонија треба да се охрабри и стимулира по примерот на развиените земји и членките на Европската унија. 

Ова е еден од заклучоците и препораките на учесниците на првата панел-дискусија за употребата на алтернативните горива во Македонија, во организација на Центарот за почисто производство при Машинскиот факултет во Скопје и УНИДО-Агенцијата за индустриски развој на Обединетите Нации. 

Продеканот за настава на Машинскиот факултет Бојан Јовановски нагласи дека оваа дискусија е од исклучително значење за нашата земја зошто првпат се организира на оваа тема, а во рамки на активностите на ОН во компонентата за промоција на технологии за заштита на животната средина со земјите од Западен Балкан. 

Раководителот на Центарот за почисто производство Атанас Кочов изјави дека на панел-дискусијата присуствуваат претставници од повеќе компании во Македонија кои биле учесници во рамки на проектот организиран од ОН за имплементирање технологии на почисто производство.

- Досега имаме повеќе од 50 компании во кои пробувавме да видиме какви нови технолошки иновации можат да бидат имплементирани во производниот процес за да се постигнат поголеми резултати во заштитата на животната средина, со едно правилно управување со природните ресурси и начинот на нивното искористување, рече Кочов, кој смета дека не заостануваме во оваа област и оти многу компании си ја имаат сериозно сфатено работата. 

Тој информира дека на дискусијата има претставници од Везе Шари кои веќе имаат направено гасна централа и го искористуваат отпадот, претставници од ЕЛЕМ, од „Пивара“-Скопје, Цементраница УСЈЕ...

Алтернативните горива се употребуваат во развиените индустриски земји и членките на ЕУ повеќе од 15 години. За овој период развиени се современи технолошки решенија кои овозможуваат нивна ефикасна употреба во индустријата, со што значително се намали потрошувачката на фосилни горива. Во овој сегмент лидер е Германија, каде употребата на алтернативни горива заменува и до 65 отсто од фосилните горива во индустријата. мд/са/11:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...