• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Министерот за образование Адеми се сретна со липковскиот градоначалник Арифи

Министерот за образование Адеми се сретна со липковскиот градоначалник Арифи

Скопје, 18 јуни 2018 (МИА) - Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска оствари средба со градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи на која се разговараше за генералните владини политики за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем и очекувањата за придонес од локалните самоуправи, вклучувајќи ја и општина Липково кон реализација на планираните реформи.

Како што информира МОН, за време на средбата Адеми информирал за активностите кои МОН ќе ги спроведе за време на летниот период, односно пред почетокот на новата учебна година со кои ќе се унапреди воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта.

- Градоначалникот Арифи се осврна на приоритетните инвестиции кои се неопходни и се планираат во училиштата, со цел подобрување на условите за настава, а воедно информираше и за интересот на полуматурантите од општината за упис во средното општинско училиште во првото пријавување од јунскиот уписен рок кое почна денеска, наведува МОН. хс/ев/16:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...