Гевгелиската гимназија ќе прими 374 ученици

Гевгелиската гимназија ќе прими 374 ученици

Скопје, 19 јуни 2018 (МИА) - Според плановите и програмите на училиштето, гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ годинава во два термина од јунскиот и еден од августовскиот уписен рок ќе прими 374 ученици во прва година кои ќе бидат распределени во 11 паралелки.

- Во гимназиското образование место ќе има за 170 ученици во пет паралелки, додека во угостителско-туристичката струка ќе можат да се запишат 102 ученика во три паралелки во кои за угостителски техничари, келнери и готвачи ќе учат по 34 ученици. Во машинската струка обезбедивме место за 68 ученици, а во економската за 34 ученици, велат од гимназијата.

Во средното училиште во Богданци годинава за прв пат се воведува здравствената струка во чии рамки, спред информацијата од училиштето, ќе бидат запишани 34 ученици кои во една паралелка ќе следат настава за медицински сестри.

Првиот јунски уписен рок завршува денес, вториот е на 28 јуни, а августовскиот уписен рок ќе се одржи на 23 август. им/дма/10:00

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...