Адеми: Нема да дозволиме дополнителен број паралелки

Адеми: Нема да дозволиме дополнителен број паралелки

Скопје, 20 јуни 2018 (МИА) - Дополнителен број паралелки нема да дозволиме, но ќе преземеме мерки таму каде е потребно без зголемување на бројот на паралелки да се надминат некои ситуации. Се уште сме во процес на консултации со сите засегнати страни и ќе донесеме одлуки кои се во согласнот со нашите определби, но и со барањата на училиштата, на учениците почитувајќи ги критериумите кои се јасни и прецизни.

Ова денеска го изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со поголемиот број пријавени од местата предвидени со конкурсот за упис во средно училиште. 

- Ќе дадеме приоритет на средното стручно образование. Ако ги зголемиме квотите за гимназијалците тоа оди на штета на средното стручно образование. Упатувам апел до учениците во уписните рокови да се пријавуваат во средното стручно образование. Ова ќе биде во нивна полза имајќи предвид дека таков кадар ни треба на пазарот на труд и ќе имаат повеќе можност да бидат веднаш вработени во компаниите, додаде Адеми, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на Upshift програмата за социјално претприемништво. рп/са/13:57

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...