• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Нобеловецот Ферид Мурад ја посети Македонската академија на науките и уметностите

Нобеловецот Ферид Мурад ја посети Македонската академија на науките и уметностите

Скопје, 20 јуни 2018 (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите денеска ја посети проф. д-р Ферид Мурад, добитник на Нобеловата награда за медицина и физиологија и член на МАНУ надвор од работниот состав.

Како што соопшти МАНУ, Мурад имал разговор со членовите на Одделението за медицински науки на Академијата и со вработените на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија  „Георги Д. Ефремов“ при МАНУ.

Раководителот на центарот „Георги Д. Ефремов“, проф. д-р Александар Димовски, го запознал Мурад со нивната работа, тековните научни проекти и соработката со проминентни меѓународни институции од оваа област, а гостинот ја посетил и лабораторијата на истражувачкиот центар. 

Ферид Мурад

Ферид Мурад, кој во 1998 година доби Нобелова награда за физиологија и медицина, вчера доби титула „Почесен доктор на науки“ од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Тој е роден во 1936 година во Индијана, САД. Има потекло од гостиварското село Лакавица, каде бил роден неговиот татко. 

Автор е на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија. Во негова чест гостиварската општа болница го носи неговото име. хс/са/14:46

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...