Министерот за образование Адеми на промоција на нови дипломци на Машинскиот факултет

Министерот за образование Адеми на промоција на нови дипломци на Машинскиот факултет

Скопје, 20 јуни 2018 (МИА) - Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска присуствувше на свеченото промовирање на нова генерација дипломци на Машинскиот факултет во Скопје.

Адеми, како што информираат од МОН, на новите инженери им честитал за стекнатите знаења и вештини, за кои како што рече, верува дека многу ќе им помогнат во обезбедувањето на соодветно работно место во што покус временски период.

- Студентите кои го завршуваат образованието на Машинскиот факултет во Скопје, не добиваат само дипломи со оценки, туку, тие од тука заминуваат со знаења, вештини, компетенции  со кои се конкурентни на пазарот на труд, не само во Република Македонија, туку и надвор од неа, изјави Адеми, додавајќи дека инвестирањето во знаењето е правилна одлука и основа за успех на личен и професионален план.

Адеми МФ

Министерот за образование и наука, се вели во соопштението од МОН, се заблагодари на менаџментот и на наставно – научниот кадар на факултетот за тоа што создаваат квалитетен кадар кој е потребен за придвижување на општествено -економските процеси и им посака да продолжат  со успесите во образовната и наставно-научната дејност. аа/ац/20:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...