• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Поддршка од Делегацијата на ЕУ за дигитализација на податоци во образованието

Поддршка од Делегацијата на ЕУ за дигитализација на податоци во образованието

Скопје, 21 јуни 2018 (МИА) - Делегацијата на Европската Унија во Скопје изразува подготвеност за поддршка на Министерството за образование и наука во делот на модернизацијата и целосна дигитализација на процесите за прибирање, обработка и анализа на податоци во областа на образованието, кои се особено важни при креирањето на идните образовни политики и реформи.

Преку ИПА II програмата, Делегацијата на ЕУ планира да обезбеди и средства за поврзување и синхронизација на неколку бази со податоци и информативни системи, како и средства за изградба на заеднички платформи за размена на податоци помеѓу Министерството за образование и наука и останатите државни институции, како Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

- Ова беше главна тема на разговор на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми и претставниците на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Адеми изрази благодарност за континуираната поддршка која Делегацијата на ЕУ ја обезбедува во делот на креирањето и реализацијата на националните образовни политики и реформи, додавајќи дека секоја помош за Македонија како земја аспирант за членство во европското семејство е добредојдена, а во насока на забрзување на процесот на интеграција, соопшти МОН. хс/дма/15:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...